Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на терен со цел почитување на законските правила во производството и откупот на тутунот. Kе се инсистира на навремено обезебедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини. Поради субвенцијата од едно евро за килограм, како и високата просечна откупна цена за тутунот од минатогодишната реколта, годинава зголемен е интересот на земјоделците за производство на тутун. Поради тоа, статистички, треба да очекуваме поголемо производство. Рано е да се направат точни проценки за тоа колку ќе тежи реколтата од оваа година, бидејќи производствениот процес не е завршен. Првичните проценки се дека од тутунот треба да очекуваме род од околу 33.000 тони, согласно засеаните површини, но, мора да ги земеме во предвид и временските услови кои може да влијаат на намалување на родот.
Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на терен со цел почитување на законските правила во производството и откупот на тутунот.
Ова беше најавено на вчерашниот координативен состанок на министерот за земјоделство, Љупчо Димовски со претставници на тутунските компании при што беше истакнато дека ќе се инсистира на навремено обезебедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини.
-Поради субвенцијата од едно евро за килограм, како и високата просечна откупна цена за тутунот од минатогодишната реколта, годинава зголемен е интересот на земјоделците за производство на тутун. Поради тоа, статистички, треба да очекуваме поголемо производство. Рано е да се направат точни проценки за тоа колку ќе тежи реколтата од оваа година, бидејќи производствениот процес не е завршен. Првичните проценки се дека од тутунот треба да очекуваме род од околу 33.000 тони, согласно засеаните површини, но, мора да ги земеме во предвид и временските услови кои може да влијаат на намалување на родот - рече министерот Димовски.
Македонскиот тутун се бара на странските пазари и затоа, како што истакна тој, државава прави напори и за изнаоѓање на нови пазари за извоз.
-Во втората половина на август ќе дојдат експерти од Агенцијата за карантински болести од Кина кои ќе направат контрола на теренот. Во скоро време ќе потпишеме и протокол за соработка со кинеското Министерство за земјоделство, со што и официјално ќе добиеме дозвола за извоз на македонскиот тутун на кинескиот пазар - потенцира Димовски.